Здрав емотивен живот : претвори ги стравот, бесот и љубомората во креативна енергија

Автор: Ошо .
Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The emotional wellness : transforming fear, anger, and jealousy into creative energy | Бр. на страни: 259 | Димензии: 21 см | Корица: /

Како да ја усогласиме потребата за изразување на своите чувства со желбата да ги заштитиме другите? Премногу често запаѓаме во стапицата на оваа дилема: изразување или потиснување. Доколку ги изразиме вистинските чувства, се плашиме дека ќе ги повредиме блиските и ќе се отуѓиме од нив. Но ако ги потиснуваме емоциите – дури и под маската на „самоконтрола“ – ризикуваме да се повредиме себеси.

Ошо, еден од најпровокативните и најинспиративните духовни учители на нашето време, ни претставува практичен и сеопфатен пристап кон успешно решавање на овој личен конфликт. Користејќи нов, досега необјавен материјал, книгата Здрав емотивен живот ни помага да сфатиме што лежи во основата на нашите емоции, ни укажува како да реагираме на ситуациите за да осознаеме нешто и за себе и за другите, и нѐ учи да одговориме со поголема сигурност на неизбежните подеми и падови во животот.

Восхитувачкиот увид на Ошо во човековиот ум и во срцето ги надминува границите на конвенционалната психологија. Ошо нѐ учи целосно да ги искусиме своите емоции и со нив да се избориме на креативен начин, за да водиме побогат и поисполнет живот.

Цена: 380 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Здрав емотивен живот : претвори ги стравот, бесот и љубомората во креативна енергија

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-740-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Здрав емотивен живот : претвори ги стравот, бесот и љубомората во креативна енергија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in