Девојката што си играше со оган
Автор:
/
Оригинален наслов:
Flickan som lekte med elden |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
/
|
Корица:
/
Во вториот дел од трилогијата Милениум, Лизбет Саландер и Микаел Блумквист повторно се наоѓаат во центарот на една напната и возбудлива приказна. Сè започнува со убиството на младиот новинар на магазинот Милениум и неговата девојка, непосредно пред објавувањето на нивната голема репортажа за трговија со луѓе. На оружјето со кое е извршено убиството се пронајдени отпечатоците на Лизбет Саландер. Имајќи ги предвид нејзиното минато и дебелото досие од психијатриска клиника, полицијата објавува потера по неа. А од Саландер нема ни трага ни глас... Микаел Блумквист е запрепастен кога дознава дека Лизбет Саландер е осомничена за убиството на неговиот пријател. Свесен колку знае да биде жестока кога е во опасност, сака да ја најде пред да падне во туѓи раце. Во обид да ја состави сложувалката за убиството на своите пријатели, одговорниот уредник на Милениум се впушта во уште една опасна потрага. Низ соочувањето со бездушни криминалци, но и со оние што учествуваат во злосторствата од високи државни позиции, Микаел Блумквист доаѓа до нови, запрепастувачки сознанија, со што минатото на Лизбет добива сосема поинаква димензија. Мистеријата полека се расветлува... Стиг Ларсон успеал во речиси невозможното: да напише продолжение што ќе биде понапнато и покомплексно и од првиот дел и повторно на фасцинантен начин да ги открие скриените страни на општеството. Обсервер
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
odlicno