Автократизам и вертикала. Како Путин направи илузија од западната либерална демократија
Автор:
Борис Камчев
Издавач:
Борис Камчев |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Автократизам и вертикала. Како Путин направи илузија од западната либерална демократија |
Бр. на страни:
295 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
„Борис Камчев е еден од оние ретки новинари кои професијата ја носат во себе, со постојана љубопитност и порив реалноста да се види и од ‘другата страна’ на појавноста, да се пронајдат причините, а не само последиците од настаните и нивните двигатели“. – проф. д-р Сашо Орданоски Орданоски, за книгата Автократизам и вертикала понатаму вели: „Анализите на Камчев за општествено-политичките настани во една од најважните држави во светот, Русија, на важен информативен и интелектуален начин ја пополнуваат во Македонија празнината останата по распадот на гломазните медиумски системи кои беа дел од една поголема држава во која функционираше македонското општество во минатиот век, кога новинските и агенциските дописници од важни точки во светот беа нормален дел од политичкото, стопанското и културното секојдневие. Со својата професионална работа, со непосредниот увид во руското секојдневие, но и со познавањето на тамошните слоевити историски и актуелни околности, Камчев ѝ овозможува на македонската јавност да биде чекор понапред од површните, тривијални и, често пати, искривени нарации по социјалните мрежи и квази-информативните портали. Неговите новинарски извори се проверени, неговите анализи се избалансирани, а сториите секогаш содржат аспекти коишто го поместуваат разбирањето на руското, регионалното и глобалното движење во областа на политиката, безбедноста, енергетиката, културата... Сигурен сум дека Камчев и во годините што доаѓаат ќе продолжи на незаменлив професионален начин да ни го збогатува испостеното информативно секојдневие во кое, речиси, некако се навикнавме да живееме“. „...Камчев, за разлика од многу други автори, успеал да го најде клучот за ‘проклетството’ на колумните и едиторијалите, да ги извлече од дневната актуелност и да им даде една временска универзалност“. – Зоран Бојаровски „Книгата Автократизам и вертикала на Борис Камчев, во која се укоричени 63 текста објавувани во македонска печатена и електронска периодика од мај 2013 година до февруари 2017 е година, е посебно значајна и заслужува внимание и читателска посветеност од неколку аспекти. Поголемиот дел од книгата е посветен на современа Русија, односно на Руската Федерација. Тоа е вториот клуч на авторот Камчев, овој пат за да ни ја ‘отклучи’ големата мистификација за Русија, која е таква затоа што во нашиот информативен, па и културолошки простор, недостигаат автентични, изворни информации за тоа што се случува во оваа држава, и како најважно – зошто се случува токму на тој начин. И трето, но не помалку важно, во сериозниот празен простор за македонска, авторска публицистика, оваа книга на Борис Камчев си го зазема своето достојно место како сериозен извор за разбирање и толкување на феномените во Русија“, посочува Бојаровски.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.