Бекомберја: ода за моето семејство
Автор:
Сара Стридсберг
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Beckomberga: Ode till min familj |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
мека
Романот „Бекомберја: ода на моето семејство“ е базиран на детските спомени на авторката од времето на нејзините посети на „Бекомберја“, една од најголемите болници за ментално болни во Шведска и во Европа во XX век, со две илјади пациенти. Во средиштето на дејството се наоѓаат Џеки и нејзиниот татко, Џими Дарлинг. Тој со леснотија ги засмејува луѓето, иако во исто време негува чудна пасија кон смртта. Кога мајка ѝ Лоне ќе отпатува кон Црното Море, душевната болница во која престојува татко ѝ се претвора во единствениот постоен свет за Џеки. Од различните мигови и зони на сонување и стварност постепено се гради тажна и восхитувачка приказна. „Бекомберја“ станува искривен некролог на државата на социјалната сигурност, раскажан со заносен јазик. Сара Стридсберг со широко отворени очи ги рехабилитира загрозените и замолкнатите. „Бекомберја: ода на моето семејство“ е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Истата година романот ја доживеа и својата театарска поставка. „Го лизга читателот во расположение во кое границата помеѓу нормалноста и лудилото веќе не постои.“ Svenska Dagbladet
Questions and Answers
You are not logged in