Бело се пере на деведесет

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Belo se pere na devetdeset | Бр. на страни: 198 | Димензии: 140×205 | Корица: тврда

Бело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.

Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.

Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Бело се пере на деведесет

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-277-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Бело се пере на деведесет”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in