Близнаци
Author:
Емилија Златкова Анастасова
Publisher:
Емилија Златкова Анастасова |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Близнаци |
Num. of pages:
248 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
Близнаците се плод на една голема, но забранета љубов. Ги разделуваат од родителите, а потоа и еден од друг. Со многу тага, борба, падови, криминал - се соочуваат ликовите. Дали има надеж за позитивен пресврт - ќе откриете сами.
4 reviews for Близнаци
Questions and Answers
You are not logged in
Катерина –
„Близнаци“, наше, домашно, македонско.
Интересна животна приказна, испреплетени судбини, суетата на родителот клучна за несреќата на сопственото дете, туѓина јабана …
Кристина –
Многу убава книга: убава приказна која се чита во еден здив, не те остава додека ја дочиташ. Ја препорачувам од срце.
Hristijan Anastasov –
Нај убавата книга! Купете ја!
Катерина –
Дејствието во овој роман сe случува во блиско минато, приказна за една не дозволена љубов помеѓу двајца млади кои припаѓаат на различни класи. Марија е ќерка на богат човек, сопственик на неколку фирми, а Гоце е син на сиромашен рудар. Таткото на Марија не бира средства да ја уништи оваа љубов, бидејќи тој смета дека неговата ќерка треба да се омажи со богат човек, кој ќе го избере лично тој. Поради таа одлука Гоце одлучува да замине да работи во Италија за да може да собере доволно пари и да стане достоен за Марија, пред татко ѝ. Но, Марија сокрива една тајна од Гоце – таа е бремена. Раѓа близнаци од кои и самата таа е разделена под притисок од нејзиниот татко. Близнаците Емил и Емили се дадени во дом за деца без родители и се посвоени од различни семејства. Гоце во Италија доживува многу тешкотии и падови, се соочува и со смртта. Марија исчезнува. Гоце се враќа во Македонија дури по дванаесет години – дали успева да ја оствари целта – ќе дознаете сами.
Романот „Близнаци“ ќе те натера да се замислиш, како е да се соживееш со ликовите. Има моќ која ќе ве натера да ги проширите видиците и ќе ве поттикне да внесете промена во начинот на кој гледате на животот и светот околу вас.