Булеварот на Независноста
Author:
Варга Кшиштоф
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Aleja Niepodległości |
Num. of pages:
240 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
мека
Само на недела дена од појавувањето во продажба, искористете ја можноста први да ја добиете оваа книга со 20% попуст.Квалитетните приказни, барем оние според хичкоковските шеми, треба да почнат со експлозија, во буквална смисла на зборот, а потоа да нè држат во напнатост до крајот. Книгата на Полјакот Варга е токму таква. „Булеварот на Независноста“ (2010), започнува со она што за повеќето романи би означувало крај – со смртта на главниот јунак, а потоа нè води низ екстатично и сатирично дејство. Херојот на „Булеварот на Независноста“ (2010) е модерен лузер, фрустриран и неостварен уметник, кој осамените ноќи ги минува пред компјутер со шише в рака. Кристијан Апостата е претставник на класата што во современиот свет би можеле да ја наречеме „washed up celebrity“. Некогаш надежен уметник, денеска, пак, некој што го очекува големиот „come back“,стекнал искуство, но се претворил во алкохоличар со неисполнети сништа. Магичните четириесетти години што му се наближуваат за него не претставуваат некаков пресврт, потскок во ергенското лудување, ниту пак револуционерен порив на втората младост. Иако можноста да ја врати популарноста е на чекор да ја оствари со патувањето во САД, му се случува најлошото. Од друга страна на коцката, меѓу оние на кои „им тргнало “, се наоѓа Јакуб Фиделис, најдобриот танчер во целата држава, човекот за кој сите зборуваат, но и личен другар на Кристијан. А можеби и не му е баш другар, штом – користејќи ја својата позиција – си дозволил да му ја украде жената и во основа целосно да го заборави. Книгата „Булеварот на Независноста“, сепак не е само анализа на општата состојба на еден современ уметник и на современото општество. Тоа, исто така, е болна алегорија за лавиринтите на меѓучовечките односи. „Страшна и воедно и смешна книга. Меланхолична и безмилосна. Останува кикот и гламносан предел. Огнот ги проголтува Варшава, варшавкоста, младоста, заблудите, триесет-четириесет години, сè, и останува она што навистина нè чека: вечна осама, до самиот крај.“ Анджеј Сташук Кшиштоф Варга (Варшава, 1968) е полски сатиричар, писател, колумнист и новинар. Има објавено 11 романи и други прозни книги. Неговите дела високо котираат меѓу читателите и наградите. Иако роден во Унгарија, живее во старата варшавска населба Мокотув.
Questions and Answers
You are not logged in