Чекајќи ги варварите

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Waiting for the barbarians | Бр. на страни: / | Димензии: / | Корица: /

Уште со насловот ова дело повикува алузија на друг, поранешен книжевен споменик, на познатата песна на Константин Кавафи, и на тој начин влегува во сферата на зрачењето на светското книжевно наследство. Романот на Куци ги презема атмосферата и сугестиите од делото со кое творечки кореспондира и, пропуштајќи ги низ сопствената творечка лабораторија, ги освојува, ги усвојува и ги посвојува, постигнувајќи на тој начин еден вид луцидна каскадност, умножувајќи ги нивоата на можно читање, и со тоа збогатувајќи ја сопствената уметничка вредност. Во романот истовремено се воведуваат импулси и од други значајни дела од светската висока литература: Достоевски, Кафка, некои филозофи... Фасцинацијата од уметноста на рускиот класик најмногу доаѓа до израз во романот „Мајсторот од Петербург“, додека Кафка е „присутен“ во „Чекајќи ги варварите“.

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Чекајќи ги варварите

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4694-31-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Чекајќи ги варварите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in