Челик

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Acciaio | Бр. на страни: 352 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

„Воопшто не е за фрлање. Пичка на каква што не сум се надевал. Убави нозе, убаво газе. Само градите ѝ се премногу мали. Но, ова засега ќе ѝ го прости. Италијанка е, очигледно малолетно девојче, таква стока ја носиш на јахтите на Пунта Ала, ја даваш за петстотини евра за секс со големите ѕверки, на забавите, на јахтите на важните фаци. Гледај ја како игра... небаре е адолесцентка што танцува пред огледалото имитирајќи ја Бритни Спирс и се соблекува заклучена во бањата“.

 

Ова е цитат од романот со две тинејџерки кои сонуваат да направат кариера надвор од периферијата, каде бедата ги напаѓа семејствата кои се распаѓаат, каде работниците во челичаната шмркаат кокаин да може да го поднесат тешкотиите, каде човечкото месо станува поевтино од тоа во блиските месарници, каде врските се краткотрајни, а сексот евтина надеж за сиромашните. Дали тука и во такви услови може да опстои кревкото тело на љубовта, онаа искрената?

 

„Роман способен да ја одржи во живот – низ деградации и драма на многубројните животи – нишката надеж што се протнува меѓу две постоења, можеби предодредени да бидат сплотени во едно“.

Џовани Тезио, Тутолибри во Ла Стампа

 

 

Романот Челик е преведен на повеќе од 20 јазици и добитник е на бројни награди, меѓу кои и престижната Кампиело. Исто така, е инспирација за песна на пејачката Ноеми, а снимен е и филм во режија на Стефано Мордини.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Челик

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-024-9

1 оценка за Челик

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in