Чичко Горио
Author:
Оноре Де Балзак
Publisher:
Детска радост |
Language:
Македонски |
Year:
0
Original title:
Le père Goriot |
Num. of pages:
0 |
Dimensions:
0x0
|
Cover:
мека
/Романот Чичко Горио поседува уште една специфика во рамките на опусот на Балзак. Како што во „Човековата комедија“ се насликани речиси сите слоеви во француското општество, така и пансионот во кој, главно, иако не исклучиво, се одвива дејството на романот Чичко Горио, е едно општество „во мало“. Тој пансион е метафора, еден вид парадигма за она што се случува во тогашниот живот, во општеството, на социјален, политички, (не)морален, монденски и сите други можни планови. За да се објасни пластично релацијата на ликовите во романот со нивното милје, најдобро е да се изделат две тријади од ликови и настани кои се поврзани со нив. Бидејќи сè произлегува од пансионот на мадам Вокер, која е неговата сопственичка, се изделуваат три доминантни ликови: младиот и амбициозен студент Ежен де Растињак, стариот чичко Горио и измамникот Вотрен. Минуциозната анализа на овие ликови го покажува следното: сите тие во себе кријат длабоки лузни.
Reviews
There are no reviews yet.