Човекот со четири часовници

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2003
Оригинален наслов: Човекот со четири часовници | Бр. на страни: 202 | Димензии: 125 х 200 | Корица: /

Збирката раскази „Човекот со четири часовници“ ги кондензира најдобрите аспекти од прозата на Александар Прокопиев: лежерен и ненаметлив раскажувачки стил, умешност за забележување на деталите и нивна симболичка трансформација, страсна вљубеност во раскажувањето приказни. Низ книгата дефилираат мноштво ликови кои освојуваат со својата непосредност и едноставност. Тие колку и навидум да изгледаат секојдневни, секогаш имаат во себе една заедничка нишка: светот го перципираат на малку „одлепен“ начин. Авторот со номадски шарм патува низ различните опсесии на современиот човек, не плашејќи се да биде и автореференцијален и автоироничен, пишувајќи раскази кои на моменти се доближуваат и до есејот, колумната или документарното. Но, сето тоа го прави со писателска вештина со која мешањето на жанровите изгледа толку природно. Александар Прокопиев, човекот-играч во македонската литература, со оваа книга уште еднаш покажува дека најголемиот витамин за книжевноста е самиот живот, кој кога ќе се сфати како игра се претвора во уметност.

Цена: 140 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Човекот со четири часовници

Категорија:
ИСБН: 9989-851-77-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Човекот со четири часовници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in