Човекот со четири часовници
Author:
Александар Прокопиев
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2003
Original title:
Човекот со четири часовници |
Num. of pages:
202 |
Dimensions:
125 х 200
|
Cover:
/
Збирката раскази „Човекот со четири часовници“ ги кондензира најдобрите аспекти од прозата на Александар Прокопиев: лежерен и ненаметлив раскажувачки стил, умешност за забележување на деталите и нивна симболичка трансформација, страсна вљубеност во раскажувањето приказни. Низ книгата дефилираат мноштво ликови кои освојуваат со својата непосредност и едноставност. Тие колку и навидум да изгледаат секојдневни, секогаш имаат во себе една заедничка нишка: светот го перципираат на малку „одлепен“ начин. Авторот со номадски шарм патува низ различните опсесии на современиот човек, не плашејќи се да биде и автореференцијален и автоироничен, пишувајќи раскази кои на моменти се доближуваат и до есејот, колумната или документарното. Но, сето тоа го прави со писателска вештина со која мешањето на жанровите изгледа толку природно. Александар Прокопиев, човекот-играч во македонската литература, со оваа книга уште еднаш покажува дека најголемиот витамин за книжевноста е самиот живот, кој кога ќе се сфати како игра се претвора во уметност.
Reviews
There are no reviews yet.