Давеник
Author:
Маргрит Де Мор
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
De verdronkene |
Num. of pages:
296 |
Dimensions:
129x198 mm
|
Cover:
тврда
Маргрит Де Мор е холандска пијанистка и писателка. Во нејзините новели и кратки раскази Де Мор има докажано дека може да каже сè што сака со многу малку зборови. Нејзиното сензитивно, перцептивно, деликатно пишување и нејзината внимателна конструкција го понесува читателот полека но сигурно, што со сета своја сила се покажува во книгата Давеник.
Во Давеник шокот кој засекогаш сменува многу човечки животи во поствоената Холандија е, неочекувано – метеоролошки: опишана е страшната поплава која погодува дел од Холандија во 1953 година, а која писателката ја доловува документаристички прецизно! Но, пред овој шок, Де Мор ни ги доловува ситните
човечки постапки кои резултираат со големи последици, и валканиот трик на судбината што предизвикува Лиди да е на местото на катастрофата, наместо нејзината сестра Аманда...
Технички совршен роман, информативен и релевантен,
возбудлив и контемплативен. - Дe Стандард Магазин
Маргрит де Мoр знае како да ја долови сликата на бруталната
сила на природата и на човечкиот отпор кон смртта, на чудесен
начин. - Трау
Секоја приказна е во добри раце со Де Мор. - Хет Парул
Questions and Answers
You are not logged in