Џин
Author:
Мартин М. Шимечка
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Džin |
Num. of pages:
260 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
Мартин М. Шимечка, чиј татко бил затворан од комунистичкиот режим, и самиот имал затворени врати до нормалниот општествен живот. Книжевноста за него била точка на излез. Книгите на Шимечка во голема мера се автобиографски, поле каде што го открива својот поглед на свет. Во новелите од оваа книга, како авторот и неговото алтер-его се наоѓа на рабовите на општеството. Тешко воспоставува контакт со другите и сосредоточено се занимава самиот со себе, како типичен индивидуалист. Создава сопствен свет. Редовно трча во природа, но не од љубов кон спортот, туку да си докаже себеси дека може да ги поместува границите на издржливоста кај себеси – кога ќе дојде до таа точка, победува. Тоа е всушност зајакнување на кондицијата во системот што го деградирал, го затворал. „Спортот го сфаќам како начин на преживување. Сакав да го преживеам комунизмот“, вели авторот.
Questions and Answers
You are not logged in