Дневникот на заводникот

Publisher: Ѓурѓа | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: / | Num. of pages: 144 | Dimensions: 12x19 | Cover: /

„Под небото на естетиката сè е лесно, убаво и минливо, под мразот на етиката сè е круто, студено и станува пусто.“

***

 

Голем број мажи уживаат во младите девојки, како во чаша шампањ проголтана в час на меури од радост, секако, тоа е прекрасно, а има и многу такви, за кои да се има млада девојка е несомнено максимумот што може да се достигне, но во овој случај се работи за нешто повеќе. Ако некоја индивидуа е преслаба, за да поднесе јасност и отвореност, тогаш кај таквите треба да се ужива во она што е нејасно, но очигледно таа може да го поднесе тоа. Што повеќе посветеност во една љубовна врска, толку поинтересно е. Моменталното уживање е силување, ако не во буквална смисла, тогаш барем ментално, а во силувањето постои само замислено уживање, тоа е како украден бакнеж, нешто безлично. Дури кога некоја девојка ќе ја доведеш до таму, што по сопствена волја нема друга цел освен да ти се предаде, дури кога тоа ќе ја прави толку среќна, што практично би молела да ти се предаде и ако при таа желба е слободна, е дури тогаш се работи за уживање, но тоа секогаш бара префинетост.

***

Љубовта е сè.

За оној кој љуби, ништо повеќе нема значење само по себе. Нештата му вредат само според значењето што им го дава љубовта.

***

 

Моја Корделија,

Една латинска поговорка за некој внимателен ученик вели дека „виси на усните од својот учител“.

Во љубовта сè станува симбол, а симболот повторно се преобразува во реалност.

Не сум ли јас како оној внимателен ученик? Но Ти ниту збор.

 

Твој Јоханес

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 290 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Ѓурѓа

Report an abuse for product Дневникот на заводникот

Category:
SKU: 9786082011578

1 review for Дневникот на заводникот

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in