Други љубовни приказни
Автор:
Лучијан Дан Теодоровиќ
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Celelalte poveşti de dragoste |
Бр. на страни:
171 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Други љубовни приказни може да се читаат како модуларен роман. Единаесетте секвенци можат да функционираат и како автономни прозни парчиња и како епизоди во еден наратив, чија централна тема е неуспешната љубов. Овој неуспех се расплетува на повеќе нивоа, а секоја “приказна” носи дополнителна нијанса, дополнителна идеја со која ѝ се дава облик на целината. Во книгата, двата централни лика се ликот на раскажувачот, кој е новинар за еден локален весник, и неговата сопруга, и тие проаѓаат од една секвенца во следна… Нивната приказна се оформува не само преку приказни од различни периоди во животот на раскажувачот (детство, адолесценција, сегашност), туку исто така и во приказните на споредните карактери, во кои нараторот е вклучен на еден или друг начин. Една по друга, изненадувачки, сите овие секвенци обезбедуваат различни агли од кои љубовта може да се гледа.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.