Дрвото сладок портокал
Author:
Цао Венсјуан
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
甜橙树 |
Num. of pages:
188 |
Dimensions:
200 х 140
|
Cover:
/
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“) ТВРДИ КОРИЦИ / „Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е и автор на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски фестивали во Кина и во светот. Цао Венсјуан, во воведната белешка пишува: „Куќата е дом. Куќата е најстарото сеќавање за луѓето. Куќата е поврзана со човечкото разбирање на концептот на домот. Домот е засолниште, место на топлина, место за одмор на душата и основна причина за продолжување на животот. Всушност, многу работи што се случуваат во светот се поврзани со домот. Среќата, страдањето, отфрлањето, молитвата, борбата, повлекувањето, жртвата, бегството, војната и мирот се поврзани со домот. Илјадници луѓе се бореле во минатото, вревата од битката ечела, а крвта била насекаде на бојното поле, само за да го одбранат домот. Домот е светост како гнездо на врвот на висок багрем... Значењето на домот е бесконечно. Кога пораснав, желбата за правење куќи во моето детство не исчезна, туку се засили со возраста и со продлабочувањето на перцепцијата за животот. Но, материјалот веќе не беше кал, гранчиња и плевел или коцки, туку карактери. Куќата на карактерите (* – кинески букви) е мое светилиште – мое духовно светилиште... Со текот на годините, напишав многу карактери и објавив многу книги, во кои всушност ја градев својата куќа. Куќата не е изградена само за мене, туку е изградена и за вас, ако не ви пречи.“
Questions and Answers
You are not logged in