Екатерини
ЕКАТЕРИНИ
Романот „Екатерини“ е приказна за модерна Пенелопа, која мора да патува и да страда во потрага по својата татковина. Пренесена преку женски наратив, оваа луцидна и полна со хумор лирска проза е сместена во дваесеттиот век на Балканот.
Приказната за „обичниот“ живот на жени кои живеат низ турбулентните историски настани нѐ носи во Грција на почетокот на дваесеттиот век, па во Белград, потоа низ Втората светска војна, соочувањето со Сталинизмот и социјализмот, па се до бомбардирањето на Белград.
Кнежевиќ силно прикажува традиционална биографија но преку специфичен хумор и пародија, демистифирајќи го секојдневието, оставајќи ја нараторката слободно да си ја раскаже нејзината страна на приказната.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.