Европејци
Автор:
Хенри Џејмс
Издавач:
Макавеј |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
The Europeans by Henry James |
Бр. на страни:
177 |
Димензии:
A5 / 21 cm
|
Корица:
мека
Тешко ќе се најде поголем Европеец меѓу американските писатели од Хенри Џејмс. Таквиот статус му прилега не само поради фактот дека поголемиот дел од животот го поминал на стариот континент, а пред смртта добил и британско државјанство. И други американски автори – Езра Паунд, Томас Стернс Елиот, Ернест Хемингвеј, Френсис Скот Фицџералд се меѓу најпознатите ‒ ќе живеат, кој покусо кој подолго, како експатриди, доброволни изгнаници. Тие во Европа доаѓале заради инспирација и поубав или поевтин живот, а понекогаш и поради своите убедувања. За разлика од нив, во својот опус Хенри Џејмс најдиректно ја тематизира фасцинацијата од европската култура и неуморно се посветува на растајнување на суптилните нијанси во односите меѓу стариот и новиот свет. Превод од англиски јазик - Вера Чаповска, поговор од Иван Додовски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.