Гладниот пат
Author:
Бен Окри
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Гладниот пат |
Num. of pages:
590 |
Dimensions:
14х20,5
|
Cover:
/
Добитник на Букеровата награда
Нараторот во Гладниот пат, наречен Азаро по библискиот Лазар, е абику, или дете-дух, кое според традицијата на нигериското племе Јоруба е растргнато помеѓу светот на живите и царството на неговите другари-духови. Приказната за неговиот живот е исполнета со глад, болести, жртвени обреди, несреќа и тага, но за чудо, тој се раѓа со насмевка на лицето. Неговото секојдневие изобилува со мошне необични ликови: дебелата газдарица на локалната крчма Мадам Кото, локалниот фотограф што ги изложува своите слики во стаклена витрина, слепиот старец што може да гледа со туѓи очи, боксерот со прекар Зелениот леопард кој се враќа од светот на мртвите, политичарите и изобличените просјаци, стварни колку и гротескните сеништа и духови што постојано го искушуваат Азаро да се врати во духовниот свет.
Овој незаборавен и волшебен роман ве води по гладниот пат на африканското секојдневие проткаено со надреалните доживувања на Азаро, за кого преживувањето е постојана битка.
„Блескаво достигнување за кој било писател на кој било јазик.“
Њујорк тајмс
„Бен Окри со нежна решителност ни наметнува една стварност каква што не се видело досега на Западот... Ако постојат ремек-дела, ова е едно од нив.“
Бостон глоуб
Reviews
There are no reviews yet.