Грешни уживања
Ветеринарот Павел Кохутек е познат како женкар што постојано е во потрага по жени пред кои лесно „сее“ емоции. Најпосле, една од нив (Јустина) го сфаќа сериозно и се појавува сосе своите куфери во неговиот дом на село. Не знаејќи што да стори, Кохутек ја носи на таванот на една напуштена месарница, обидувајќи се да ја скрие од својата прекрасна и образована жена, нивното дете, родителите, бабата и од другите сограѓани. Таму ѝ носи храна и вода, но тешко му оди долго време да ја држи „сегашната швалерка“ скриена. Фрустрирана од оваа ситуација, Јустина го напушта таванот и се појавува пред семејството додека вечераат...
„Ептен забавно!“
Њујорк тајмс
Јежи Пилх (1952) е полски писател и новинар. Роден е во лутеранско семејство. Во 1975 година дебитирал како андерграунд писател. Пишува и општествено ангажирани колумни. Чеслав Милош го нарекол „надеж на младата полска проза“. Го споредуваат со Гомбрович, Кундера, Храбал. Неговите книги се филмувани и поставени во театар. И самиот глумел во два филма.
/2 оценки за Грешни уживања
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –