Херменевтика на поезијата на Анте Поповски

Publisher: Култура | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Херменевтика на поезијата на Анте Поповски | Num. of pages: 296 | Dimensions: 20 | Cover: тврда

Ова дело постигна сосем конкретни и опипливи резултати во доменот на литературната наука, бидејќи донесува сосем нова слика за овој важен поетски опус. Трудот успева да ги појасни клучните теориски поими, потоа да ги аплицира на конкретен текст (поетски опус), а потоа да направи раскошна интерпретација на најважните феномени, присутни како доминанти, тематеми, стилеми или марканти. Преку длабинска и минуциозна анализа, Цветаноска успеа да изгради и да вивне кон височините пирамидален систем на симболи и архетипови. Семантичките јадра ѝ овозможија наполно точна и прецизна, нова научна слика за состојбите во овој домен. Низ деталната анализа на речиси сиот поетски опус на Поповски, таа преку анализа „на земја“ (а не во облаци), успеа да дојде до сосем конкретни и валидни резултати. проф. д-р Кристина Николовска Резултатот од анализата на поетското творештво на Анте Поповски се гледа во приближувањето до суштината на неговата поезија и во откривањето на некоја од скриените тајни. Цветаноска, на крајот, оди и чекор понатаму кога на досетлив и иновативен начин, преку рехерменевтиката, претставена со екфразисот, се обидува да даде и сликовно толкување на оваа поезија. Во тој процес, ги користи уметничките слики од познатите македонски сликари кои одлично се вклопуваат и го надополнуваат поетскиот текст. Тоа поврзување е отворена врата кон некоја нова и поинаква херменевтика која овде е само почетен импулс и која заслужува да биде разгледувана потемелно. проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска

Price: 250 ден

9 in stock

Compare
Sold By Култура

Report an abuse for product Херменевтика на поезијата на Анте Поповски

Category:
SKU: 978-9989-32-917-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Херменевтика на поезијата на Анте Поповски”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in