Иселеници (четири долги раскази)
Author:
В. Г. Зебалд
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Die ausgewanderten / W. G. Sebald |
Num. of pages:
264 |
Dimensions:
140х200
|
Cover:
/
Длабоко и оригинално книжевно дело, „Иселеници“ ги следи приказните на четворица луѓе додека се селат од една во друга земја – а, пред сè, додека се движат низ историјата. Следејќи ги овие талкања, кои отпрвин се чинат директни извештаи за животите на неколку протерани Евреи во Англија, Австрија и Америка, В. Г. Зебалд создава медитација за крајот-од-векот којашто ги истражува најделикатните, најболните, нервозно најпотиснуваните и внимателно скриени лузни од последните сто години. Книгата е збирка од четири подолги наративи – новели што можат да се читаат како засебни независни приказни. Во обликувањето на овие приказни, мигрантските наративи на Зебалд ги одразуваат неодоливите ретроспективни кружења на нашата современа култура, дури и кога следат постмодерни книжевни истражувања на деликатните односи меѓу сеќавањето и историјата. „Иселеници“ е медитација за сеќавањето и загубата. Раскажувачот вметнува фотографии во секоја приказна и создава впечаток дека читателот разгледува семеен албум. Зебалд ги направил фотографиите интегрален дел на својата фикција. Од Еврејските гробишта кај Бад Кисинген, до хотелите во Довил. Поигрувајќи си со границите меѓу имагинативната фикција и личната историја, „Иселеници“ станува еден вид албум со исечоци за 20-тиот век, преполн со прогонувачки слики на раселени жртви и преживеани. Книгата поставува посеопфатно прашање во врска со сеќавањето така што прашува до која мера е возможно поединци да живеат со сеќавањето на огромно страдање и како е можно цела една нација, од друга страна, да го заборави толку брзо. Книгата „Иселеници“ наиде на огромно одобрување од критичарите и се смета за еден од најдобрите мигрантски наративи напишани од Втората светска војна наваму. Три пати е избрана за Меѓународна книга на годината во 1996 година.
Questions and Answers
You are not logged in