Историја на светлината

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Dějiny světla | Бр. на страни: 400 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Роман за чешкиот фотограф Франтишек Дртикол и за историјата на фотографијата како нов вид уметност. Сте размислувале ли некогаш како би изгледала приказна раскажана со светлосни зраци? Кој бил, всушност, Франтишек Дртикол? Конте од рударско гратче, светски познат фотограф со пропаднат бизнис, мајстор на актот што немал среќа со жените, мистик и будист што поверувал во комунизмот, со еден збор – маж синтеза на многу противречности. Романот претставува вистинска фреска, која покрива повеќе од половина век: во неа оживуваат прибрамските рудници за сребро, Минхен во периодот на сецесијата, како и боемштината на Првата република, кога моделките еднаподруга голи се шетаат на светлото, кое незабележливо се слева со свеста... Историја на светлината е добитник на Европската награда за книжевност во 2014 година, како и на наградата Чешка книга. „Може да им го препорачаме и на сериозните фотољупци и на лаиците“. Клара Шмејкалова
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Историја на светлината

Категорија:
ИСБН: Историја на светлината

Questions and Answers

You are not logged in