Измиен грев
Author:
Сара Омар
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Dødevaskeren |
Num. of pages:
304 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
/
Кога се раѓа малата Фрмеск, таткото не ја прифаќа зашто е девојче. Згора на сè, бележана е доживотно со перче коса бела како креда на предниот дел на ќелавото главче. Дали е ова знак од Алах? Дали Фрмеск е благословена или проколната? Мајката на Фрмеск се плаши дека маж ѝ ќе го остави новороденчето на улица. Како што се интензивира неговото насилно однесување, единственото што ѝ останува е да го даде детето да го одгледаат други луѓе. Фрмеск расте во љубов со своите баба и дедо. Дедото е доброобразован полковник во пензија, а бабата „измивачка на мртовци“. Таа се грижи за жени што никој не сака да ги погребе – убиени во обесчестеност и срам. Но само кратко време бабата и дедото можат да ја заштитат Фрмеск од физичкото и менталното насилство врз жените во Курдистан, придружено со војна, геноцид и омраза. За „Измиен гнев“ во 2018 година Сара Омар ја добива наградата „Readers’ Book Prize“.
Reviews
There are no reviews yet.