Јас сум гласникот
Author:
Маркус Зусак
Publisher:
СИЛСОНС |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
I am the Messenger |
Num. of pages:
428 |
Dimensions:
21
|
Cover:
/
Ед Кенеди случајно присуствува на грабеж на банка. За цело време, додека тој и неговите пријатели се држани како заложници, Ед размислува за тоа како автомобилот на неговиот пријател Марв е паркиран на место каде што е дозволено само петнаесет минути паркирање.
Времето истекува полека... Кога само ограбувачот би побрзал, за да не мора потоа да го слуша Марв како се жали дека ќе мора да плаќа казна.
Ед Кенеди е деветнаесетгодишен илегален возач на такси, кој не смее да вози токму поради тоа што за да возиш такси не смееш да бидеш помлад од дваесет и една, чита многу книги дури и повеќе од тоа што би требало и е апсолутно вљубен во својата пријателка и колешка Одри.
Не се запишал на факултет, не се труди да постигне нешто во животот, а такси почнал да вози токму по предлог на Одри. Одри пак, од друга страна, го смета Ед само за пријател и не сака да има ништо со него, иако скоро со секој втор има спиено, или пак поради тоа што Одри одбива да сака некој воопшто, бидејќи израснала во семејство кое многу го сакала, но тоа само ја повредувало. Марв, неговиот пријател пак, е многу често непријателски расположен и со него Ед постојано се препира токму околу неговиот автомобил.
2 reviews for Јас сум гласникот
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (verified owner) –
Слаѓан –
Одлична е 🙂