Касандра
/
„Тука ќе умрам, бессилна и ништо, ништо од она што можев да го направам или да не го направам, да го посакам или да го помислам, не можеше да ме одведе до друга цел. Подлабоко од секое друго чувство, подлабоко дури и од сопствениот страв, ме задои, ме разјаде, ме отру рамнодушноста на небесните спрема нас, земните суштества.“
Криста Волф не само што е една од најзначајните туку едновремено е и една од најконтроверзните германски авторки.
Според многу критичари, нејзино најзначајно дело е романот Касандра. Во романот преку формата на мошне впечатливиот внатрешен монолог и ретроспекција, претставено е ново видување на ликот на тројанската принцеза. Волф сосема го преобразува митот за Касандра, озлогласената наречница – предвесничка на пропаста, давајќи ѝ поинаква женска естетика. Таа се вбројува во низата феминистички хероини на Волф.
Авторката ја ослободува Касандра од патријархалните рамки карактеристични за овој лик во книжевната традиција. Додека порано била пасивна, замолчана жена, кај Волф таа станува активна самосвесна жена, која се бори за својата автономија. Авторката ја демитологизира митската граѓа за Касандра, давајќи ѝ хумана, универзална и историска перспектива. Така романот се чита како одлична вивисекција на патријархалните механизми на тројанското општество, механизми доминантни и денес: злоупотреба на моќта на зборот, на власта и на луѓето.
На тој начин, романот се претвора во еден вид политичка порака за едно поинакво, „женско“ општество, базирано врз принципите на солидардност, разбирање и љубов.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.