Ќедер

Publisher: Блесок | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Кедер | Num. of pages: 89 | Dimensions: 17 см | Cover: /

Еве една книга, проверена во секој поглед – текст, структура, содржина. „Ќедер“ на Јорданка Белева ја сметам за еден од настаните на 2018 г. и ако не беше занесот неодамна по романите, со сигурност нејзините раскази би требало да добијат некоја од веќе свечените нароени литературни награди. Макар што – убеден сум, за вредноста на едно дело не може да се суди ниту по наградите што ги добива, ниту по успесите на пазарот. Слава му на Бога, постојат и други мерни единици, естетски и такви што не се склони да прават компромиси со нив и кои ја оценуваат и ракоплескаат на книгата на Јорданка Белева. Нема како да биде поинаку: само 89 страници, тешка едвај 101 грам, но содржината внатре – мајко моја! – содржината внатре не е доволна за една, туку за цели две вселени. Две, затоа што ако првата е онаа на секојдневниот живот, кој не секогаш е благ, благодушен, благотворен – почесто е обратното, тогаш втората е вселената на малите гестови, на тенките нијанси, на фините маркери, кои без оглед и наспроти сѐ, сепак создаваат живот благ, благодушен, благотворен. Тоа се јавува како впечаток и во другите белетристички книги на Јорданка Белева (во песните е позатскриено, таму љубовта е во центарот, не толку добрината) – своеобразниот минимализам, кој смета не на настрвена сугестија, туку на една повоздушна маска, која со еден понежен и галежен здив исцртува светловерие и благосрдечност во внатрешниот свет на читателот. И врз светогледот. Би можеле да го определиме тој нејзин специфичен стил како едно белетристичко сфумато, но поради краткоста можеби, а и поради недиректниот манир, ќе скокнам од рененсансната Италија дури во средновековна Јапонија, во периодот Едо, кога Мацуо Башо ја издигнува формата хаику до совршенство, за да изречам дека расказите на Јорданка Белева ме потсетуваат токму на хаику со своето ненаметливо послание. Со таа разлика што ако кај хаикуто е многу важно да се укаже на сезоната во годината – една природна состојба, понекогаш аналогно, друг пат антонимично на состојбата на пишувачот, тогаш кај расказите состојбата не е природна, туку социјално-природна – блиските врски во семејството, семејните јазли и врзопи. Уште со првиот расказ, „Семеен портрет на црноземецот“ тоа е искажано без заобиколување: „Кога хирурзите ја отстранија едната града на баба, таа започна да ги држи рацете врз празното место. Така како што се прикрива неудобност. Нејзината дланка, која ја помнев истовремено како дупка на прегратките и единица за преостанатото време, веќе беше и купола на црква. Купола од срушена црква“. Града-дупка-црква – една толку социјално-природна споредба, една смеса од природа и општество, која без напрегање, тукутака, исто раскажува нешто самоподразбирачко, нѐ втурнува во тој измешан и срдечен свет, за да ги почувствуваме топлината и душевноста. Топлина, која пак подлежи на ентропија и таа ентропија ја „доставуваат“, така да се каже сите оние што не сфаќаат дека светот е токму социјално-природен, а не само социјален, или само природен. Со тие свои раскази, обединети недвосмислено под заглавјето „Ќедер“ (ќедер е турски збор, значи мака; Марин Бодаков предложува наместо мака горешт, мене ми се чини повеќе би ми одговарало покруса, но и српското туга пасува, мислам), Јорданка Белева тивкичко ни споделува, шепнешкум речиси дека секој пат, кога ќе ги разделиме тие две неразделиви нешта, го зголемуваме ќедерот, горешта, покрусата, тугата во светот. Но и во нас самите, во разделените ни души. И со пишувањето сака да го направи обратното: да ги соедини, за да станеме помалку ќедерни. Успева… Митко Новков, списание „Современик“, бр.2

Price: 100 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Блесок

Report an abuse for product Ќедер

Category:
SKU: 978-9989-59-681-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ќедер”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in