Клучот на животот
Author:
Иво Митев-Жиле
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Клучот на животот |
Num. of pages:
108 |
Dimensions:
120х200
|
Cover:
тврда
Збирката раскази „Клучот на животот“ на Иво Митев-Жиле е јасно и недвосмислено насочена кон универзалното, трајното и неменливото во животите на луѓето, заплеткани во црни љубови и судбини, во подвизи и дела, поголеми од нив самите. Дури и кога се случуваат „тука“ и „сега“, овие раскази се однесуваат на „сегде“ и „секогаш“. Напишани во различни раскажувачки формати (реферирање на конкретни личности, дела и настани; историографска фикција; псевдоисторија; омажи; надоврзувања и дописи на претпоставки; лични илустрации на колективни судбини и мемории...), расказите на Иво Митев-Жиле се дефиле, или литија, кажано со лексиката на авторот, на недобројните книжевни комбинации на фактите и фикцијата.
Насловот на збирката, кој не е преземен од конкретен расказ во неа, претставува еден вид код, тајна шифра, лајт-мотив на сите единаесет приказни. Извлечен од расказот „Музиката е жена“ како навидум незабележлива синтагма, насловот „Клучот на животот“ функционира како можно решение, отворање на многуте заклучени врати на минатото, на недореченото, забранетото и пропуштеното..
Reviews
There are no reviews yet.