Книга за џунглата/Поезија
Книга за џунглата e најпозната книга за деца на Радјард Киплинг. Книгата доживува огромна популарност веднаш по објавувањето, а својата популарност како ремек-дело на детската книжевност ја задржа во текот на целиот XX век, особено поради анимираниот филм на Дизни, преку кој авантурите на Могли и неговите пријатели од џунглата беа пренесени на нови генерации деца кои пораснаа во ерата на киното и телевизијата.
Базирани врз искуствата на авторот од животот и патувањата на индискиот потконтинент и на источниот американски брег, овие приказни изобилуваат со описи на егзотични пејзажи и животни, на далечни предели и мистериозни флори и фауни што ја распалуваа фантазијата не само на децата, туку и на возрасните читатели. Повеќето од расказите во себе носат нишка на егзотичност, особено во приказните што се случуваат во џунглата, која за западната свест секогаш била олицетворение на романтичарското сублимно и имагинативно, место на извориштето на природата, но и на неискажаното и застрашувачкото.
Во текот на поголемиот дел од својата писателска кариера Киплинг се сметаше за еден од најзначајните и најпопуларните поети
Оценки
Сѐ уште нема оценки.