Книга за џунглата/Поезија

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: The jungle book Selected poems | Бр. на страни: 209 | Димензии: / | Корица: мека

Книга за џунглата e најпозната книга за деца на Радјард Киплинг. Книгата доживува огромна популарност веднаш по објавувањето, а својата популарност како ремек-дело на детската книжевност ја задржа во текот на целиот XX век, особено поради анимираниот филм на Дизни, преку кој авантурите на Могли и неговите пријатели од џунглата беа пренесени на нови генерации деца кои пораснаа во ерата на киното и телевизијата.

Базирани врз искуствата на авторот од животот и патувањата на индискиот потконтинент и на источниот американски брег, овие приказни изобилуваат со описи на егзотични пејзажи и животни, на далечни предели и мистериозни флори и фауни што ја распалуваа фантазијата не само на децата, туку и на возрасните читатели. Повеќето од расказите во себе носат нишка на егзотичност, особено во приказните што се случуваат во џунглата, која за западната свест секогаш била олицетворение на романтичарското сублимно и имагинативно, место на извориштето на природата, но и на неискажаното и застрашувачкото.

Во текот на поголемиот дел од својата писателска кариера Киплинг се сметаше за еден од најзначајните и најпопуларните поети

Цена: 350 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Книга за џунглата/Поезија

Категории: ,
ИСБН: c9d83270aa81

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Книга за џунглата/Поезија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in