Кога светот беше млад

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Als die Welt noch jung war | Бр. на страни: 184 | Димензии: 135х200 | Корица: мека

Јирг Шубигер (Jürg Schubiger, 14 октомври 1936 – 15септември 2014) е швајцарски психотерапевт и автор на книги за деца. Добитник е на Германската награда за литература за млади (Deutscher Jugendliteraturpreis) во 1996 година за Кога светот беше млад (Als die Welt noch jung war, 1996).

"Кога светот беше млад" е збирка на крајно оригинални бајковито-филозофски приказни што со својата слоевитост и духовитост ги анимираат и децата и возрасните. Во овие приказни, секојдневните предмети, растенијата и животните се здобиваат со сосема нови значења, надминувајќи ја границата во светот на фантастичното и менувајќи го нашиот светоглед.

Полни со непостојни нешта и невозможни заплети, духовитите приказни на Шубигер постојано го изненадуваат и го замислуваат читателот. Бидејќи, кога светот беше млад, градовите патуваа, камилите зборуваа, ѕвездите се вљубуваа во луѓето и се спуштаа од небото долу на земјата... Се случуваше и самиот ѓавол да седне во училишна клупа, а кога смртта ќе дојдеше по некого, умееше и да му прости.

Цена: 390 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Кога светот беше млад

Категории: ,
ИСБН: 978-608-247-611-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кога светот беше млад”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in