Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело
Author:
Бјорн Расмусен
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Huden er det elastiske hylster der omgiver hele legemet |
Num. of pages:
75 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
мека
„Мојата животна приказна не постои. Сега го знам тоа. Порано се имав убедено себеси дека лежи наоколу и вибрира, мојата приказна, дека би можел да се доближам до неа преку пишувањето. Згрешив. Никогаш не верувајте ù на животната приказна.“
Петнаесетгодишниот Бјорн живее во Западен Јуланд со двајцата браќа и со депресивната мајка. Бјорн се бори со својата хомосексуалност, што ја чува во тајност, и со деструктивните мисли. Кога Бјорн се вљубува во инструкторот по јавање, се развива чудна и садомазохистичка љубовна приказна, која има далекосежни последици.
Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело е роман за растењето на еден млад човек кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот инструктор по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија.
Reviews
There are no reviews yet.