Круг

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: The Circle | Num. of pages: 416 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

Застрашувачка визија на блиската иднина во која приватноста исчезнува, а со светот владее корпорација моќна како „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ заедно. Откако ќе ја вработат во „Кругот“, Меј Холанд сфаќа дека ѝ се укажува животна шанса. „Круг“, со седиште во Калифорнија, ги поврзува личните електронски адреси, профилите на друштвените мрежи, услугите на онлајн-банкарството и пазарот, со својот универзален оперативен систем, создавајќи онлајн-идентитет за секого, со што почнува нова доба на транспарентност. Меј одушевува со своите идеи во компанија каде што се одржуваат целодневни забави, се организираат спортски настани и ручеци, познати музичари свират во паркот, а има дури и аквариум со ретки риби, за што е заслужен генералниот директор. Она што почнува како приказна за една млада амбициозна жена полна со идеали набргу станува возбудлив роман полн со неизвесноти, кој ги отвора прашањата за важноста на сеќавањето, историјата, приватноста, демократијата и на границите на човековото знаење. Општеството од блиската иднина е прикажано како доброволна антиутопија чии граѓани со одушевување потпишуваат секој миг од новиот живот да биде сниман од окото на камерата, а на децата да им бидат вградени сигурносни чипови. Дејв Егерс е еден од водечките американски автори и со овој роман застанува рамо до рамо со класиците како „1984“ на Џорџ Орвел, „Храбриот нов свет“ на Олдус Хаксли или „Ние“ на Евгениј Замјатин.Истиоимениот филм на Џејмс Понсолд од 2017 година е со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги.„Застрашува.“Вашингтон пост„Пророчки.“Њујорк тајмс

Price: 500 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Круг

Category:
SKU: 978-608-243-210-6

Questions and Answers

You are not logged in