Македонски јазик 4: вежбанка
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Македонски јазик 4: вежбанка |
Бр. на страни:
84 |
Димензии:
29
|
Корица:
/
Вежбанката по предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК за четврто одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа. Во вежбанката детето ќе учи како да ги користи елементите на јазикот во усна и писмена комуникација, да ги препознава и користи именките, заменките, скратениците, глаголите и придавките, како и да да ги дели зборовите на слогови. Ќе учи да анализира и аргументирано да интерпретира литературни текстови и текстови од народното творештво, како и да прераскажува текстови на зададена тема. Ќе учи да прави разлика помеѓу традиционални и дигитални медиуми и да ги објаснува нивните предности и недостатоци.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.