Марсовските хроники

Publisher: КСЦ/Полица | Language: македонски | Year: 2012
Original title: The martian chronicles | Num. of pages: 194 | Dimensions: 20 cm | Cover: /

/Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот „Фаренхајт 451“ (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму „Марсовските хроники“ континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки.

Уште по појавата на „Марсовските хроники“ во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика. Згора на тоа, највпечатлив е неговиот придонес за внесување на дотогаш неприменет поетски материјал во градењето на архитектурата на прозниот исказ. Клифтон Фадиман подвлекува дека „овој многу талентиран млад писател е моралист што најлесно работи во медиумот познат како фантазија, исто како што Банјан или Шо, ако можеме да се повикаме на големи примери, биле моралисти што работеле во медиумот на алегоријата или на драмата“.

Вистинските вљубеници на СФ-литературата во светот со децении се насладуваат на делата на Реј Бредбери. Дека и нашите читатели не се заобиколени потврдува податокот дека по „Марсовските хроники“ (1990) на македонски јазик се објавени уште и изборот раскази„ Лек против меланхолија“ (1994) и романот „Фаренхајт 451“ (2006), а со најновиот превод на Бредбериевите „Марсовски хроники“ уште еднаш им се овозможува вистинско уживање.

 

Price: 350 ден

9 in stock

Compare
Sold By КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Марсовските хроники

Categories: ,
SKU: 9786084694489

Questions and Answers

You are not logged in