Мојот маж
Author:
Румена Бужаровска
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Мојот маж |
Num. of pages:
130 |
Dimensions:
20x13
|
Cover:
мека
Раскази за смеата и тагата во секојдневието.
3 reviews for Мојот маж
Questions and Answers
You are not logged in
Svetlana Shterjova (verified owner) –
Kikiland –
Ги сакам расказите ….. капка по капка ги уживаш ….точно секој расказ како одишка … како бегство од реалноста (а некој како овие те враќаат баш таму )…. и така добро срочени, да се изначудиш како може да се долови одредена приказна во неколку странички. Е овие раскази ви викам малку поинакви….божем за мажите …ама некако како за жените 🙂 или пак така мајсторски Румена ги сковала, чиниш се адаптираат во зависност кој пол е читателот :))) Безмилосно сурови, необработени, ненашминкани, напати смешни, напати бизарни, па трагични, па психотични, па пак смешни …прав ролокостер за чувствата. Ти плеска во фаца секојдневни моменти опишани со таква искреност, болна искреност…оставаат страшна горчина… нараторката не ни сака да ги спакова поинаку, нејзе не и е ни гајле дали ќе те бендиса тоа. Таа едноставно го вади цел отров на виделина …трулеж….и не може да ја обвиниш … тоа е реалноста….отрезнувачко четиво ….не можеш, а да не се воодушевиш од стилот на Румена. Румена не ти продава, не ти подметнува, туку реално ти ја сервира денешницата…. е па друштво, не ќе да го сакаме ова каде се оди денес. Одвратно е и за читање нели? Брррр….
Ирена Петровска –
Прекрасна! Мала, кратка и јасна, и многу моќна книга!