Момчето молња

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Момчето молња | Бр. на страни: 192 | Димензии: / | Корица: мека

– Кој си ти? – Јас?! Мене ме прашувате – Да, тебе. – Какво прашање! Па јас сум момчето Молња! – Што бараш меѓу кориците на оваа книга? – Овде сум за да ви раскажувам. – Што ќе ни раскажуваш? – За себе, за... Е, многу сте љубопитни! – Кажи ни, кажи ни! – Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете. – Да не е здодевна? – Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се. Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува: – Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме. Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин...

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Момчето молња

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-403-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Момчето молња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in