На плоштадот дијамант
На плоштадот дијамант е историски и психолошки роман, кој го опишува секојдневието на обичните луѓе. Дејствието се одвива во населбата Грација, во Барселона, Шпанија, и ја раскажува сторијата на Наталија, жена како и многуте други на кои војната им ја уништила сета надеж. Таа прифаќа сè што животот и сопругот ѝ го наметнуваат. Дури и тоа да ѝ го сменат името во Гулабица. Но сето тоа завршува после граѓанската војна. Наталија ќе се побуни против сето она што смета дека е неправедно, а една од главните битки е да си го врати своето вистинско име.
Како и во другите нејзини романи, авторката игра со симболите. Гулабите што Наталија ги чува дома ѝ служат на Родореда како симболичен елемент да ја прикаже еволуцијата во живототот на главниот лик.
Според овој роман е снимен истоимениот филм во 1982 година.
„Најпрекрасниот роман на шпански јазик после Граѓанската војна.“
Габриел Гарсија Маркес
„Мерсе Родореда е писателка која насекаде ја фалам.“
Алберто Риос
Мерсе Родореда (1908-1983) е една од најзначајните современи каталонски писателки, чии дела се преведени на преку четириесет јазици. Родореда е авторка на поезија, драми, раскази, но особено се истакнува со романите. На дијамантскиот плоштад е најфалениот каталонски роман на минатиот век.
4 reviews for На плоштадот дијамант
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
в в (verified owner) –