На плоштадот дијамант

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: La plaça del Diamant | Бр. на страни: 192 | Димензии: 13x20 | Корица: /

На плоштадот дијамант  е историски и психолошки роман, кој го опишува секојдневието на обичните луѓе. Дејствието се одвива во населбата Грација, во Барселона, Шпанија, и ја раскажува сторијата на Наталија, жена како и многуте други на кои војната им ја уништила сета надеж. Таа прифаќа сè што животот и сопругот ѝ го наметнуваат. Дури и тоа да ѝ го сменат името во Гулабица. Но сето тоа завршува после граѓанската војна. Наталија ќе се побуни против сето она што смета дека е неправедно,  а една од главните битки е да си го врати своето вистинско име.

Како и во другите нејзини романи, авторката игра со симболите. Гулабите што Наталија ги чува дома ѝ служат на Родореда како симболичен елемент да ја прикаже еволуцијата во живототот на главниот лик.

Според овој роман е снимен истоимениот филм во 1982 година.

 

„Најпрекрасниот роман на шпански јазик после Граѓанската војна.“

Габриел Гарсија Маркес

 

„Мерсе Родореда е писателка која насекаде ја фалам.“

Алберто Риос

 

Мерсе Родореда (1908-1983) е една од најзначајните современи каталонски писателки, чии дела се преведени на преку четириесет јазици. Родореда е авторка на поезија, драми, раскази, но особено се истакнува со романите. На дијамантскиот плоштад е најфалениот каталонски роман на минатиот век.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(4 оценки на корисници)

Цена: 220 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product На плоштадот дијамант

Категорија:
ИСБН: 978-608-4507-50-5

4 оценки за На плоштадот дијамант

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    в в (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in