Нa/полу

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Na/pol | Num. of pages: 384 | Dimensions: 140х200 | Cover: /

„На/полу“ на Јасмин Б. Фрелих се случува во постглобалистичката иднина, применувајќи дистописка визија за да промисли некои од важните вистини на сегашноста. Книгата следи три засебни раскажувачки нишки, испреплетени заедно со гласовите на тројцата словенечки мигранти. Еван, театарскиот режисер и зависник во Токио на иднината, поставува претстава и ја оплакува загубата на љубовта на својот живот. Крас, семеен патријарх и поранешен министер за одбрана, го прославува својот 50-ти роденден во словенечкиот дел на она што денес би можело да се нарече Тврдината Европа. Зоја, поетеса анархист, се подготвува да чита на книжевен фестивал во Бруклин, на кој присуствува група најразлични интелектуалци, уметници и ексцентрици.
Трите приказни, целосно различни по стил и нарација, му оставаат на читателот впечаток дека влегува во посебен свет каде што не е сè како што би требало да биде. Навистина, тоа е свет во кој превладува егзистенцијална беда, страв, гнев и болка, каде што многу работи остануваат некажани или необјаснети. Целиот тој хаос, нагласен од зборовните игри и незавршените реченици на Фрелих, го симболизира современиот свет – свет во кој сè се прави или кажува „наполу“, свет на „блеф“ и криење зад маските на предвидливоста и прифатените улоги.
Не задоволувајќи се со проширување на воспоставените граници на она што може да постигне еден текст, „На/полу“ исто така се зафаќа со истражување на судбината на протераниот поединец, на растуреното семејство и на хаотичното општество, преобразувајќи ги своите ликови во „внатрешни мигранти“ кои јурат низ расчленетиот свет исполнет со отпадоците од минати истории, барајќи го чувството на припадност. За овој роман Јасмин Б. Фрелих ја доби Европската награда за литература во 2016 година.

Price: 550 ден

5 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Нa/полу

Categories: ,
SKU: 978-608-223-653-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Нa/полу”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in