Нашето последно кафе
Author:
Коста Петров
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Нашето последно кафе |
Num. of pages:
136 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.
Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.
Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочено кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат... Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.
Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.
4 reviews for Нашето последно кафе
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
ивана илова (verified owner) –
Богомил Марков (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –