Некој што вреди да умре
Автор:
Питер Свансон
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
325 |
Димензии:
21x13
|
Корица:
мека
Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти.
На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.
Оттука, изопачената врска на Тед и Лили сè повеќе се продлабочува додека кројат план како да ја решат Миранда, но играта на заговорниците наскоро се претвора во игра на мачка и глушец кога настануваат низа неочекувани пресврти и еден тврдоглав детектив им влегува во трага.
Некој што вреди да умре се чита во еден здив, буквално.
3 оценки за Некој што вреди да умре
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Dobar psiholoski triler so neocekuvani presvrti i neocekuvan kraj 🙂