Николски
Книгата Николски е напишана за сите вечни талкачи и патувачи, на кои ќе им покаже дека патот на крајот секогаш завршува дома.
Пролетта 1989 година тројца млади луѓе, сите родени на илјадници километри оддалеченост еден од друг, решаваат да го кренат сидрото од своите родни места и да тргнат по нешто што ќе ги зацврсти како личности и луѓе. Секој остава речиси сè зад себе, освен неколку предмети без кои смета дека не може да го замисли опстанокот, како и сеќавањата на минатото.
Ное, чиј дом е караван со приколка и кој знае да чита автокарти бидејќи постојано се преселува, решава да ја напушти периферијата и да се запише на факултет. Џојс, на која и` здосадило селото и надмените роднини, тргнува на автостоп-патување со цел да стане главна во светот на компјутерската пиратерија. Најпосле, тука е анонимниот раскажувач кој решава да почне ново поглавје во големиот Монтреал, каде ќе го најде својот дом меѓу книгите. Во книжарницата, читајќи секојдневно, ќе му се отворат многу нови и дотогаш непознати места.
Во текот на десет години патиштата многупати чудесно ќе ги спојат тројцата и ќе ги разделат. Нивните патувања се неверојатно спонтани, водени од ветровите на личната волја, но исто така и проткаени со други необични моменти – опасни жени-пирати, урбани археолози, поплави, риби од сите видови, една мистериозна книга без корици и расипан компас чија игла тврдоглаво покажува кон Николски. Овие луѓе на крајот сфаќаат дека се дел од голема магична целина.
„Ликовите се толку полни виталност и изненадување, што се незаборавни. И јазикот е жив како ликовите... Комичната брилијантност на романот е непобитна... се чита со огромно задоволство.“
Едмонтон џурнал
„Полн со детали за морето, рибите, старите книги, патувањето и за археологијата, Николски е продукт на ексцентричен ум инспириран од темпераментен дух.“
Маријана Акерман, „Валрус“
„Роман кој ќе измолкне насмевка и ќе сакате да го прочитате уште еднаш.“
Винипег фри прес
„Не е доволно да се каже само: оваа книга е откритие на годината...“
Керол Бело, „Л’актуалите“
„Ако ве интересира големиот, простран свет, нурнете се во овој фантасмагоричен, жив, фасцинантен роман ".
Игу Кориво, „Летр квебекоизе“
„Дикнер ја провоцира имагинацијата на читателот до точка на екстаза.“
Л Монд
„Со стил, оригинален, потресен и сетилен. "
Дејвид Мичел, авторот на Облак Атлас
6 reviews for Николски
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –