Ноќта со змејот

Автор: Пенг Ји
Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: 和龙在一起的夜晚 | Бр. на страни: 198 | Димензии: 200 х 140 | Корица: мека

(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
ТВРДИ КОРИЦИ

„Ноќта со змејот“ од Пенг Ји (1958) претставува избор од најрепрезентативните дела од фантастичните приказни на Пенг Ји, односно содржи три новели: „Ноќта со змејот“, „Цибетка со девет животи“ и „Тројца диноботи“. Овие приказни, кои личат на народните волшебни приказни, се фантастични и мистериозни, на границата меѓу сонот и јавето, со фантастични, луцидни и мудри пресврти, а кои всушност претставуваат и хорор-приказни за млади. Имаат прекрасен јазичен израз, структура и необични пресврти во мистериозните и фантастични сижеа. „Ноќта со змејот“ раскажува приказна за деветгодишно момче кое случајно се спријателува со змеј што исфрла оган. „Цибетка со девет животи“ ја раскажува приказната за една убава 12-годишна девојка, која во домот на нејзината тетка поминува волшебно, но по малку застрашувачко лето. Девојчето, со прекар „Сирена“, се сретна со една стара дама која се нарекува себеси мачката Цибетка...

Во „Тројца диноботи“ се раскажува приказна за 12-годишното момче кое со своите храбри пријатели Ѓаволското Царство се бори со три ѓаволски змеја и ја пронаоѓа мајка си...

Цена: 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Ноќта со змејот

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-252-164-0 - тврди корици

Questions and Answers

You are not logged in