Норвешка шума
Author:
Харуки Мураками
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2005
Original title:
Noruwei no mori |
Num. of pages:
347 |
Dimensions:
0
|
Cover:
/
Координати: време на револуцијата, шеесеттите години, далечната Јапонија Замисли: момче на осумнаесет години кое доаѓа во големиот град. Време на промени, побуни и изгубеност во модерниот свет. Во сиот тој метеж од новини и случувања, во срцето и низ улиците на градот, во малото сопче во студентскиот дом и во скриениот град некаде во планините, една поинаква, посилна, индивидуална револуција. Каде да се побара вистинската смисла на постоењето? Мозаикот од улички и места е лавиринт низ кој се движи јунакот, и ние заедно со него, низ потрагата по нештото кое ќе го обликува постоењето. И притоа, ќе се губиме, ќе патиме, ќе загубиме. Но она што останува како spiritus movens е надежта дека крајот на лавиринтот е тука, близу, досеглив, само уште некој милиметар да ги протегнме прстите. А тоа малку постојано се изместува, поместува, бега. И сета умешност на живеењето е всушност во тоа постојано барање, но и помирување со даденостите, без тага по минатото, со копнеж по иднината, со една мисла:Carpe diem. Или како што би рекол Ремарк: Закопај ги мртвите и живеј го животот. Ќе мора сеуште да го употребиш! А за секој оној кој мисли дека веќе сè е познато и нема ништо ново под сводот на овој наш постмодернистички свет: уживај во крајот! Ќе го сврти на глава твојот свет! А во off постојано одѕвонува Норвешка шума и само еден збор: Љубов.
3 reviews for Норвешка шума
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (verified owner) –
Неговата најубава и моја омилена!
Anonymous (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Mnogu dobra kniga, se pronaogam vo nekoi karakteristicni crti na karakterot. vredi da se procita 🙂