„Овалниот портрет и други раскази“
Author:
Едгар АЛАН ПО
Publisher:
ПНВ Публикации |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
„Овалниот портрет и други раскази“ |
Num. of pages:
144 |
Dimensions:
21 x 13,5
|
Cover:
мека
„...Видов тогаш, на јасната светлина, слика што претходно ја немав забележано. Тоа беше портрет на една млада девојка, на прагот да узрее во жена. Фрлив брз поглед на сликата, а потоа ги затворив очите. Не ми беше јасно зошто го направив тоа. Но додека капаците ми беа затворени, низ глава ми прелета причината поради која ги затворив. Тоа беше импулсивно движење, за да добијам време за размислување, да се уверам дека очите не ме лажат, да ја смирам и совладам мечтата за следниот потрезвен и посигурен поглед. После неколку мига, повторно се загледав во сликата. Во она што сега го видов, ниту сакав ниту пак можев да се посомневам. Како првиот блесок од свеќата што падна на тоа платно да ми ја одзеде сонливоста што ме обземаше и одеднаш ме штрекна. Портретот, како што веќе реков, беше на една млада девојка. Беа тоа само глава и рамена, насликани во стилот на омилените Салиеви портрети. Рацете, градите, дури и краевите на светлата коса, неосетно исчезнуваа во длабоката сенка што ја сочинуваше позадината. Рамката беше овална, богато позлатена и украсена со филигран во маварски стил. Од уметнички аспект, ништо не беше така вредно за восхит како самата слика. Но, она што толку ненадејно и силно ме потресе, не беше ниту начинот на изработката, ниту бесмртната убавина на самиот лик. Најмалку од сѐ, можеше да се случи мојата фантазија да го замени ликот што го гледам со жива личност. Забележав дека необичноста на платното, и украсувањето на рамката мора веднаш да ја отфрлат таквата идеја, дека дури мора да ја спречат и за момент да се пројави. Сериозно размислувајќи за овие прашања, останав можеби цел час така полу лежејќи, со погледот прикован за портретот. Најпосле, задоволен од мислата дека ја открив вистинската тајна на неговото дејство, се испружив назад во постелата. Заклучив дека магијата на сликата е полна со виталност на изразување, што најпрво ме исплаши, а потоа ме шокираше, совлада и вџаши. Со длабока страхопочит го вратив свеќникот на првобитното место. Бидејќи така причината за моето длабоко неспокојство беше тргната од видикот, посегнав по книгата, во која беа коментарите за сликите и нивната историја. Го побарав бројот што го означуваше овалниот портрет, и таму ги прочитав следниве нејасни и чудни зборови: ...“
Questions and Answers
You are not logged in