Педесет нијанси потемно
Author:
Е. Л. Џејмс
Publisher:
Топер |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Fifty shades darker |
Num. of pages:
528 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
мека
БИДЕТЕ ПРВИ кои ќе го прочитаат вториот дел од трилогијата Педесет нијанси во претпродажба со 25% попуст.
После бурниот почеток и изненадувања кај двете страни Ана и Кристијан се конечно заедно, како дечко и девојка. Кристијан сфаќа дека за да биде со Ана мора да си ги смени навиките, односно да ја гледа Ана како рамноправен партнер, не како потчинет сексуален роб, а Ана од нејзина страна ги прифаќа сексуалните игри на Кристијан, до одредена мера. Иако ненавикнат на споделување на мисли и емоции, Кристијан се наоѓа во позиција каде мора самиот да си признае дека му е убаво. Сфаќа дека ја сака Ана и дека дотогашниот начин на живот веќе не му е привлечен ниту потребен. Сѐ додека ја има Ана ќе биде среќен.
Но, Ана откако реши да живее со Кристијан почнува да открива за неговото минато, за тоа колку партнерки имал, што правел со нив, каде се сега...
Сѐ додека не се соочи со поранешните „девојки“ на Кристијан. Некои од нив се рамнодушни, некои од нив се опсесивни, некои од нив сѐ уште контактираат со Кристијан, а една од нив му е еден вид најдобра другарка. Љубомората си го прави своето. Ана не може да се помири со фактот дека Кристијан ја смета убавата постара дама Елена за најдобра другарка. Таа е тој монструм што го завела како дете и го вовела во тој изопачен свет на BDSM.
Покрај проблемите со врската Ана има и други проблеми на новото работно место, Кристијан ја користи својата моќ да ја унапреди Ана во нејзината работа, на која таа неизмерно му се лути, а нејзиниот шеф се однесува премногу либерално и крајно непристојно кон неа. Дали ќе успеат двајцата Ана и Кристијан да ја надминат љубомората, дали нивната љубов е доволна да ги издржи сите тие препреки и поранешни девојки кои чекаат зад затворени врати со пиштол в рака?
Овој е вториот дел од трилогијата на Педесет нијанси која изобилува со секси сцени, врзани раце, брзи коли, црвени сатенски постелнини, искинати фармерки, свилени чорапи и подвезици, внатрешни божици и повеќе изјави на љубов отколку што може еден човек да издржи пред да му стане лошо.
Како и да е, гарантирано е дека крвта ќе ви врие...
22 reviews for Педесет нијанси потемно
Questions and Answers
You are not logged in
Иво Митрушев (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Илина Самарџиева (verified owner) –
Не ми се ни фаќа да ја читам после првата…
Marta Kuzmanovska (verified owner) –
emilija zaharievska (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Слаѓан Бишковски (verified owner) –
Odlicna 😀
Слаѓан Бишковски (verified owner) –