Планино, убавице!
Author:
Вера Лилчиќ
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Планино, убавице! |
Num. of pages:
127 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
мека
Еден планинарски дневник, а многу авантури!
Баба Вера се навраќа на далечната 1954 година и оттогаш редоследно ги раскажува своите дружби со планините. Водејќи дневник и собирајќи потписи од учениците, преку овие записи нè понесува и нас заедно со неа по маркираните, спирални патеки низ сите планини, низ сите врвови на тогашна Југославија, преку Кајмакчалан, Пелистер, Шар Планина, Титов Врв, Копаоник, Фрушка Гора, Словенечките Алпи и Триглав … сè до престолнината Белград, до другарот Тито… на нејзината најголема авантура – планинарската штафета.
Низ овој планинарски дневник таа неколку пати го освојува и нејзиниот омилен врв – Љуботен, а секое искачување е ново доживување.
Некогаш со соучениците, некогаш со планинарски друштва, некогаш со татко ѝ и другарите, нејзиниот дневник станува сè побогат со поминати километри, освоени врвови, изодени планини во време и невреме, описи, прекрасни пејзажи, слики, погледи, восхитувања…
Reviews
There are no reviews yet.