Плацебото сте вие : силата на вашиот ум

Publisher: Топер | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: You are the placebo : making your mind matter | Num. of pages: 384 | Dimensions: 21 | Cover: мека

„Плацебото сте вие" е прирачник со упатства како да направиме чуда со своето тело, здравјето и соживотот. Оваа книга е единствениот рецепт за здравје што некогаш ќе ви затреба“. Д-р Кристијана Нортруп „Џо Диспенца е врвен учител што има способност да ја објасни науката на многу едноставен начин така што сите можат да ги разберат нејзините поими“. Дон Мигуел Руиз Дали е возможно некој да се излекува само со моќта на мислите – без лекови или операција? Вистината е дека тоа се случува многу почесто отколку што би очекувале. Во книгата Плацебото сте вие, доктор Џо Диспенца споделува многу документирани случаи за луѓе што излекувале кардиолошко заболување, депресија, артритис, па дури и тремор кај Паркинсонова болест, верувајќи во плацебо. Слично на тоа се потврдените приказни за луѓе што се разболеле или некои дури и починале откако им била поставена погрешна фатална дијагноза. Доктор Џо, исто така, го поставува прашањето: „Дали е возможно да се научи принципот на плацебо-ефектот и дали може да се произведат истите внатрешни промени во здравјето и, конечно, во животот на човекот, не потпирајќи се на некоја надворешна супстанција?“ Тој изнесува научни докази (вклучително и снимки на скениран мозок) за извонредни излекувања, потврдени на неговите работилници, каде што учесниците го учеле неговиот модел на лична трансформација, врз основа на практична примена на плацебо-ефектот. Книгата завршува со медитација за промена на уверувањата и на перцепциите што нѐ ограничуваат - а тоа е првиот чекор кон исцелување. Плацебото сте вие ги комбинира најновите истражувања во невронауката, биологијата, физиологијата, хипнозата, условувањето од начинот на однесување и квантната физика, за да го демистификува функционирањето на плацебото... и покажува како нешто што е навидум невозможно, може да стане возможно.

Price: 499 ден

2 in stock

Compare
Sold By Топер

Report an abuse for product Плацебото сте вие : силата на вашиот ум

Category:
SKU: 978-608-208-602-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Плацебото сте вие : силата на вашиот ум”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in